Министерот Муцунски ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Квинс, Њујорк
Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера – на еден од најголемите христијански празници – ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Квинс, Њујорк.
„Црквата претставува пред сè важен духовен, а воедно и културен дом кој ги обединува Македонците во овој дел од Соединетите Американски Држави и активно придонесува за афирмација на нашата традиција, култура и јазик,“ напиша министерот Муцунски на своите официјални профили на социјалните мрежи.
На средбата со македонската дијаспора се разговараше за нивните активности и за значајната улога што ја имаат во промоцијата на македонските вредности. Од нивна страна беше изразено задоволство што Владата, предводена од претседателот Христијан Мицкоски, за само една година ги обнови врските со Македонците ширум светот и активно работи на нивно понатамошно зајакнување.