На маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари работна средба со неговиот грчки колега, Јоргос Герапетритис.
На средбата ќе се разговара за најактуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји.