Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одбележани 20 години од отворањето на Амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија

Одбележани 20 години од отворањето на Амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија

Одбележани 20 години од отворањето на Амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во присуство на амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, беше одбележан значаен јубилеј – 20 години од отворањето на Амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во своето обраќање истакна дека Амбасадата на Шведска претставува вистински мост меѓу двете држави – во политиката, културата, трговијата и, пред сè, меѓу нашите народи. Тој мост, како што нагласи министерот, ја направи врската меѓу Северна Македонија и Шведска посилна и подинамична од кога било.

Министерот Муцунски упати искрена благодарност до амбасадорот и тимот на Амбасадата за нивната посветеност и поддршка во изминатите две децении, изразувајќи уверување дека пријателството и билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и унапредуваат и во годините што следат.

Мени за пристапност