Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржани политички консултации со Казахстан во Скопје

Одржани политички консултации со Казахстан во Скопје

Денес во Скопје се одржа третата рунда на политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Казахстан, предводени од замениците министри Зоран Димитровски и Арман Исетов.

Во разговорите беше направен сеопфатен осврт на билатералните односи, при што соговорниците ја истакнаа потребата од заокружување на билатералната правна рамка во области од заемен интерес, како важна основа за подинамичен развој на соработката, особено во економијата и надворешно-трговската размена. Во таа насока, беше заеднички констатирано дека постои значителен потенцијал за продлабочување на соработката во енергетиката, транспортот и туризмот.

Соговорниците се осврнаа и на поширокиот меѓународен контекст, при што заменик министерот Димитровски ја истакна европската перспектива на Северна Македонија и силната посветеност на реформскиот процес во насока на членство во Европската Унија, додека заменик министерот Исетов ги презентираше развојните приоритети на Казахстан, вклучително и нивната улога во рамките на Евроазиската економска унија.

Воедно, беше оценето дека интензивирањето на контактите во изминатиот период, вклучително и реализираните посети на високо ниво, придонесе за подигнување на политичкиот дијалог на повисоко ниво, што се потврди и со потпишувањето на Програмата за соработка меѓу двете земји. Во тој контекст, беше истакнато и значењето на минатогодишното одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, како можност за дополнително зацврстување на партнерството и пријателството.

Дополнително, беше нагласено дека Казахстан, како една од 50-те најголеми економии во светот и значаен енергетски производител во Евроазија, претставува важен партнер со кој постои реален потенцијал за унапредување на соработката, особено во енергетскиот сектор, вклучително и во обновливите извори на енергија и енергетската диверзификација, но и во земјоделството, индустријата, иновациите и туризмот.

Во оваа насока, беше поздравено и одржувањето на претстојниот Бизнис форум во Скопје на 20 април, кој се очекува да даде нов поттик на економската соработка, а на кој ќе учествува и министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев, кој ќе ја предводи бизнис делегацијата.

На крајот, двајцата соговорници се согласија дека редовното одржување на политички консултации ќе остане значаен механизам за понатамошно продлабочување и унапредување на севкупните билатерални односи.

Мени за пристапност