Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорките на Германија и Грција

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорките на Германија и Грција

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорките на Германија и Грција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени средби со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје, Петра Дрекслер, и амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбите беше потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи, како важен предуслов за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот, како и за неговата целосна интеграција во Европската Унија. Во тој контекст, беше разговарано за можностите за продлабочување на политичкиот дијалог и соработката во повеќе области од заемен интерес.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во регионот, можностите за понатамошно унапредување на регионалната соработка, како и за придонесот на Република Северна Македонија кон регионалната стабилност и безбедност.

На средбите стана збор и за евроинтегративниот процес на државата, реформските активности и посветеноста на Владата на спроведувањето на реформската агенда. Воедно, беа разгледани и актуелните геополитички случувања, европската и регионалната безбедност, како и соработката во рамките на НАТО Алијансата.

Мени за пристапност