Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Палашевски со експертскиот тим на УНОПС: Поддршка за реформите во Кластерот 6 – „Надворешни односи“

Палашевски со експертскиот тим на УНОПС: Поддршка за реформите во Кластерот 6 – „Надворешни односи“

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, оствари средба со експертскиот тим на УНОПС, во рамките на втората експертска мисија на проектот „Поддршка за македонската европска интеграција“, финансиран од Шведска и Швајцарија.

На средбата беа разгледани следните чекори за реализација на четирите приоритетни области на соработка: подготовка на Законот за хуманитарна и развојна помош, Стратегијата за странски директни инвестиции и преговарачките позиции за Поглавјата 30 и 31, како и поедноставување на процедурите за усвојување рестриктивни мерки.

Палашевски ја истакна важноста на експертската поддршка за јакнење на институционалните капацитети и исполнување на обврските во рамките на Кластерот 6 – „Надворешни односи“, чиј носител е Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Притоа ја нагласи потребата од конкретни активности, јасни рокови и ефикасна меѓуинституционална координација за постигнување мерливи резултати.

Посебен акцент беше ставен на подготовката на законската рамка за хуманитарна и развојна помош и финализирањето на нацрт-стратегијата за странски директни инвестиции до крајот на 2026 година, по што би следувале консултации со инвеститорите и другите заинтересирани страни.

Државниот секретар изрази благодарност до УНОПС, Шведска и Швајцарија за поддршката на евроинтегративниот процес. Воедно беше разгледана можноста за продолжување на соработката и по септември 2027 година, со цел обезбедување континуитет во спроведувањето на реформите и подготовките за пристапните преговори со Европската Унија.

Мени за пристапност