Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

По втор пат одржан спортско-дипломатскиот настан ‘Bankers meet diplomats – 2026

По втор пат одржан спортско-дипломатскиот настан ‘Bankers meet diplomats – 2026

Под покровителство на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, д-р Тимчо Муцунски, и со значајна организациска и финансиска поддршка од НЛБ Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Стопанска банка – Скопје и Нестле Адриатик ДОО, на 24 јануари, на терените на Тенискиот клуб „Тенис парк – Поинтер“ во Скопје, по втор пат беше организиран спортско-дипломатскиот настан „Bankers meet diplomats – 2026“.

На тенискиот турнир учествуваа дипломати од резидентните дипломатско-конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународните организации во земјата, членови на менаџментот на повеќе водечки македонски банки, како и дипломати од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел, пехарите на победниците ги доделија заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, заедно со претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, членката на Управниот одбор на Стопанска банка – Скопје, Евангелија Калуптси, членот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Александар Ѓорѓевиќ, како и извршниот директор на Халк Банка, Александар Иљов. По церемонијата, за учесниците и гостите беше организиран и пригоден коктел.

Организирањето на вакви настани претставува уште една потврда за значењето и ефективноста на спортската дипломатија како инструмент за градење доверба, зајакнување на комуникацијата и продлабочување на соработката меѓу различни професионални заедници. Истовремено, ваквите иницијативи придонесуваат кон промоција на здрави животни навики и имаат позитивно влијание врз севкупниот општествен развој.

Мени за пристапност