Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара.

Министерот Муцунски изрази благодарност за нејзиниот личен придонес и посветеноста во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.

На средбата беше истакнато дека во изминатиот период беа реализирани значајни проекти во рамките на активностите на Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA и Јапонската организација за надворешна трговија – JETRO, со важен придонес во развојот на политичката и економската соработка.

Соговорниците оценија дека билатералните односи во изминатите години беа дополнително збогатени со значајни посети и иницијативи, при што посебно беше нагласена динамиката на економската соработка и инвестициите.

На крајот, беше изразено заедничко очекување дека одличните билатерални односи ќе продолжат да се унапредуваат со несмален интензитет, врз основа на традиционалното пријателство и меѓусебната доверба.

Мени за пристапност