Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, по повод завршувањето на нејзината дипломатска мисија во Република Северна Македонија.
Министерот Муцунски ѝ изрази благодарност на амбасадорката Агелер за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.
На средбата беше изразено заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдија заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан, силното сојузништво во рамките на НАТО и заедничките заложби за унапредување на демократските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата.