Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорката Вилма Дамбраускиене

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорката Вилма Дамбраускиене

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со шефицата на Литванската канцеларија, амбасадорката Вилма Дамбраускиене.

Министерот Муцунски изрази искрена благодарност за нејзиниот ангажман, професионализам и посветеност, кои придонесоа за конкретни резултати, натамошно унапредување на билатералната соработка и градење партнерство засновано на доверба и конструктивен дијалог.

На средбата беше истакнато дека отворањето на Канцеларијата во Скопје во ноември 2023 година означи ново поглавје во односите меѓу двете земји и создаде дополнителни можности за продлабочување на соработката.

Позитивниот развој на односите придонесе и кон одлуката за воспоставување резидентно дипломатско присуство во Вилнус, со што се отвораат нови перспективи за натамошно унапредување на партнерството и севкупната соработка меѓу двете држави.

Соговорниците ја нагласија подготвеноста позитивната динамика во билатералните односи и соработката да продолжи и во периодот што следи.

По повод завршувањето на нејзината дипломатска мисија, министерот Муцунски ѝ врачи плакета-благодарница на амбасадорката Дамбраускиене за нејзиниот личен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработката меѓу двете земји.

Мени за пристапност