Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со унгарскиот амбасадор Андраш Клеин

Проштална средба на министерот Муцунски со унгарскиот амбасадор Андраш Клеин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, Андраш Клеин.

Министерот Муцунски изрази благодарност за активниот ангажман и посветеноста на амбасадорот Клеин во зајакнувањето на партнерството меѓу двете земји, истакнувајќи дека токму за време на неговиот дипломатски мандат во Скопје беше потпишан Договорот за стратешка соработка меѓу Република Северна Македонија и Унгарија.

Двајцата соговорници изразија задоволство од интензивниот политички дијалог и севкупната соработка меѓу двете земји, како и уверување дека позитивниот тренд во билатералните односи ќе продолжи и во наредниот период.

Амбасадорот Клеин се заблагодари за одличната соработка со министерот Муцунски и со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за време на неговиот четиригодишен мандат во државата, изразувајќи уверување дека силната и континуирана унгарска поддршка за европската интеграција на земјата ќе продолжи и во иднина.

По повод завршувањето на неговата дипломатска мисија, министерот Муцунски му врачи плакета-благодарница на амбасадорот Клеин за неговиот личен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработката меѓу Република Северна Македонија и Унгарија.

Мени за пристапност