Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Регионалната соработка, билатералните односи и европската интеграција во фокусот на средбите на министерот Муцунски на Дубровник форумот

Регионалната соработка, билатералните односи и европската интеграција во фокусот на средбите на министерот Муцунски на Дубровник форумот

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари повеќе билатерални средби, посветени на унапредувањето на политичката, економската и безбедносната соработка, како и на европската интеграција на државата.

На средбата со заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција, Мехмет Кемал Бозај, стана збор за понатамошно продлабочување на политичката, економската и трговската соработка. Соговорниците се согласија дека неодамна одржаниот бизнис форум и интензивниот политички дијалог претставуваат цврста основа за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Во разговорот со директорот на RACVIAC, Мирослав Шчепановиќ, акцентот беше ставен на регионалната безбедносна соработка, зајакнувањето на довербата, отпорноста кон современите безбедносни закани и поддршката на евроатлантските интеграции во регионот.

На средбата со раководителот за политички прашања во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Олег Левитин, беа разгледани можностите за понатамошно унапредување на соработката во поддршка на економскиот развој, инфраструктурните и енергетските проекти, како и реформските процеси поврзани со европската интеграција.

Министерот Муцунски оствари средба и со Маријана Петир, пратеничка во Хрватскиот парламент и поранешна европратеничка. На средбата беа разменети мислења за европската перспектива на државата, поддршката од Хрватска на овој пат, политиката на проширување, како и за можностите за натамошно зајакнување на политичката соработка и регионалната стабилност.

Мени за пристапност