Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја поздравува одлуката на ирската Влада за олеснување на визниот режим со нашата држава преку укинување на визите за влез во Ирска за носители на македонски дипломатски патни исправи. Со оваа одлука воедно се укинуваат и визи за другите категории службени пасоши, доколку нивните носители се во придружба на владин Министер за време на официјална посета на Ирска.
Ова е втор, конкретен чекор за олеснување на визниот режим со Ирска по оној од 2021 година, кога нашата држава беше вклучена во програмата за ослободување од виза за краток престој без посебна ирска виза, доколку се поседува важечка виза за краток престој од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (притоа истата да е претходно валидирана во ОК).
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи активно да работи на целосната либерализација на визниот режим со Ирска, со што ќе се овозможи непречено слободно движење на луѓе, идеи и услуги, како и поголема размена и продлабочена соработка меѓу двете држави