Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар, д-р Јовица Палашевски со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. г-ѓа Петра Дрекслер

Средба на државниот секретар, д-р Јовица Палашевски со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. г-ѓа Петра Дрекслер

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски оствари средба со амбасадорката на  Сојузна Република Германија во Скопје, Петра Дрекслер.

На средбата беше истакната високата политичка соработка меѓу Северна Македонија и Сојузна Република Германија, која е развиена во многу области од заемен интерес. Беше взаемно потврдено дека Германија е еден од најблиските сојузници и најсигурни партнери на нашата држава, како и еден од најсилните и најдоследни поддржувачи на македонската интеграција во Европската Унија.

Воедно, беше нагласено дека билатералните односи не се темелат само на успешната институционална соработка, туку и на силните врски меѓу граѓаните на двете земји, а посебен придонес во натамошното зајакнување на овие односи има добро интегрираната македонска дијаспора во Германија, која претставува важен мост на поврзување, пријателство и соработка меѓу двете општества.

Државниот секретар посочи дека С.Р. Германија, како еден од нашите најзначајни трговски партнери има исклучително важна улога во поттикнувањето на економскиот развој и раст, при што ги нагласи подготвеноста и интересот за натамошно унапредување и проширување на билатералната соработка со повеќе конкретни формати и настани.

На средбата исто така се разговараше за актуелни прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на следните чекори во билатералната соработка, како и и соработката со германските сојузни покраини. 

Мени за пристапност