Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар, д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром

Средба на државниот секретар,  д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Скопје, Н.Е. г-дин Ола Сулстром. 

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, со посебен осврт на досегашниот континуиран содржаен политички дијалог на високо ниво и активната парламентарна соработка, коишто придонесуваат за натамошно зацврстување на севкупните односи меѓу двете земји.

Соговорниците ја нагласија важноста од натамошното зајакнување на економската соработка, особено во насока на зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите.

На средбата беа разменети мислења и во однос на евроинтегративниот процес на нашата земја, при што државниот секретар Палашевски изрази благодарност за континуираната поддршка на Шведска за европската интеграција на Северна Македонија, нагласувајќи дека членството во Европската Унија останува еден од клучните стратешки приоритети на нашата земја. 

Мени за пристапност