Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар д-р Палашевски со вршителот на работите во Амбасадата на Унгарија, Атила Фодор

Средба на државниот секретар д-р Палашевски со вршителот на работите во Амбасадата на Унгарија, Атила Фодор

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, оствари средба со вршителот на работите во Амбасадата на Унгарија во Скопје, Атила Фодор, на која беа разгледани билатералните односи, европската интеграција на земјата и актуелните регионални и меѓународни прашања.

Палашевски изрази задоволство од одличните односи и интензивниот политички дијалог меѓу двете земји, нагласувајќи дека воспоставеното стратешко партнерство претставува значајна основа за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Воедно, упати благодарност за континуираната унгарска поддршка за македонските евроинтеграции.

Во разговорот беше истакната македонската посветеност на реформскиот процес и исполнувањето на обврските на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Палашевски ја нагласи важноста земјата да биде опфатена со актуелниот моментум на проширувањето, како предуслов за зајакнување на кредибилитетот на пристапниот процес и довербата во европската перспектива на регионот.

Посебно внимание беше посветено на можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и на улогата на Мешовитата комисија за економска соработка во утврдувањето конкретни приоритети и иницијативи од заемен интерес.

Во духот на стратешкото партнерство, беше нагласена важноста од преточување на блиските односи во конкретни иницијативи и резултати од заемен интерес.

Мени за пристапност