Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со Н.Е . г-ѓа Глорија дел Кармен Оливарес Портокареро де Гаро новоименуван Амбасадор на Република Перу во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со Н.Е . г-ѓа Глорија дел Кармен Оливарес Портокареро де Гаро новоименуван Амбасадор на Република Перу во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, новоименуваната амбасадорка на Република Перу во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Н.Е. Глорија дел Кармен Оливарес Портокареро де Гаро ги предаде копиите на акредитивните писма.

Државниот секретар Кузмановска посакувајќи и добредојде и многу успех во извршувањето на одговорната функција, се осврна на развојот на билатералните односи од воспоставувањето дипломатски односи пред повеќе од 20 години, при што истакна дека постојат значајни можности за изнаоѓање нови и збогатени форми на соработка, конкретно во областа на економијата, културата и туризмот.

Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, беше искажано задоволство од успешното спроведување на мултилатералната соработка, која се отсликува во поддршка на меѓусебните кандидатури во меѓународните организации и мултилатералните тела.

Мени за пристапност