Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на Државниот секретар Јовица Палашевски со амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Узлем Џанел

Средба на Државниот секретар Јовица Палашевски со амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Узлем Џанел

Државниот секретар Јовица Палашевски денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Узлем Џанел.

На средбата беше истакната важноста на поддршката на холандската влада за проширувањето на Европската Унија, како стратешки процес од суштинско значење за стабилноста, безбедноста и просперитетот на европскиот континент. Воедно, беше нагласена нашата определба за доследно спроведување на реформите и напредок кон полноправно членство во ЕУ.

Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и привлекувањето нови холандски инвестиции. Притоа, беше истакната важноста на холандските компании како значајни партнери во искористувањето на економскиот потенцијал на земјата, поттикнувањето на економскиот развој и отворањето нови можности за инвестициска соработка.

 

Мени за пристапност