Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Јовица Палашевски денеска, го прими амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој.
На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи и силното стратешко партнерство меѓу двете земји, како и заедничката определба за натамошно продлабочување на билатералната соработка во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на трговската и инвестициската соработка што е од особено значење после одржување на неодамнешниот бизнис и инвестициски форум во Истанбул.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, при што ја нагласија важноста од континуираниот политички дијалог, одличната соработка како сојузници во НАТО и поддршката за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.
Воедно, беше изразено задоволство од динамиката на меѓусебната комуникација и беше потврдена подготвеноста за понатамошно интензивирање и продлабочување на соработката во областите на енергетиката, образованието и економијата преку реализација на постојните проекти и иницијативи за соработката во духот на заемна доверба, пријателство.