Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на добрососедските односи, со цел зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот, преку неговото целосно интегрирање во Европската Унија. Во тој контекст, беше разговарано за продлабочување на билатералната соработка преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во областа на инфраструктурата и енергетиката, како и за развивање нова динамика на соработка и во други области од заемен интерес.

Министерот Муцунски ја истакна заложбата за понатамошно унапредување на регионалната и мултилатералната соработка со Грција, особено во својство на непосредни соседи и сојузници во рамки на НАТО.

Мени за пристапност