Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Канада, Мишел Камерон

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Канада, Мишел Камерон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада, со седиште во Белград, Мишел Камерон.

На средбата беше разговарано за можностите за изнаоѓање нови и збогатени форми на соработка, со посебен акцент на продлабочување на економската интеракција меѓу двете земји.

Соговорниците констатираа дека билатералните односи се карактеризираат со традиционално добра динамика, особено во мултилатералната сфера, вклучително и соработката во рамки на НАТО Алијансата.

Притоа, беше изразен заемен интерес за интензивирање на политичките контакти во наредниот период, особено во пресрет на 2026 година, кога ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави.

Мени за пристапност