Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Шведска

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Шведска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром.

На средбата беше потврдено задоволството од континуираниот развој на билатералните односи и беше изразено очекување дека претстојната билатерална агенда ќе придонесе за нивно натамошно унапредување.

Соговорниците ја истакнаа важноста од понатамошно јакнење на економската соработка и трговската размена, надоврзувајќи се на успешното присуство на шведски компании во државата.

Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната шведска поддршка на европската интеграција и ја потврди посветеноста на Владата на реформите и европскиот пат.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални политички и безбедносни прашања.

Мени за пристапност