Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.
Како дел од редовната комуникација и координација со Кралството Шпанија, средбата беше во функција на утврдување на претстојните активности во билатералната соработка и динамиката на нивната реализација. Посебен акцент беше ставен на можностите за продлабочување на економската и трговската соработка.
Министерот Муцунски ја нагласи силната посветеност на државата кон Реформската агенда и европскиот пат заснован на резултати, притоа изразувајќи благодарност за континуираната поддршка од Кралството Шпанија.