Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го прими амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу двете држави, како и исклучително успешната соработка во духот на традиционалното пријателство и партнерство.
Во фокусот на разговорите беше искористувањето на потенцијалите за интензивирање на економската соработка, билатералната трговија и инвестициите, со цел утврдување на нови области за заедничка работа – како на државно ниво, така и меѓу бизнис-заедниците. Беше разговарано и за целосно искористување на можностите за туристичка соработка.
Соговорниците го потврдија цврстото сојузништво во рамките на НАТО, одличната соработка во делот на регионалните иницијативи, како и заемната поддршка во мултилатералните организации.
Разговорите опфатија и актуелни теми од регионалното и геополитичкото значење, со акцент на важноста од стабилен и просперитетен Балкан.