Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со Едмонд Сотир, организатор на фестивалот „Македонско културно лето“

Средба на министерот Муцунски со Едмонд Сотир, организатор на фестивалот „Македонско културно лето“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Едмонд Сотир, актер, основач и организатор на фестивалот „Македонско културно лето“, кој годинава по 20-ти пат ќе се одржи во Преспа, во општина Пустец, Република Албанија.

На средбата министерот Муцунски ја истакна важноста на фестивалот како значајна културна манифестација за Македонците во Албанија, но и за зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и идентитет надвор од границите на државата.

Во знак на благодарност за поддршката во зачувувањето и афирмацијата на македонскиот културен идентитет на Македонците надвор од Македонија, Едмонд Сотир му врачи плакета на министерот Муцунски по повод 20-годишнината од одржувањето на фестивалот „Македонско културно лето“.

Во рамки на средбата, Сотир го информираше министерот Муцунски за подготовките и програмските содржини на овогодинешното јубилејно издание на фестивалот, кое ќе биде отворено на 1 јули со настап на истакнатиот музичар и професор Драган Даутовски.

Соговорниците разменија мислења и за предизвиците со кои се соочува фестивалот во неговото функционирање и развој, при што беше нагласена важноста од континуирана поддршка на иницијативите кои придонесуваат за зачувување на македонскиот културен идентитет и зајакнување на врските со Македонците надвор од државата.

Мени за пристапност