Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

На маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

На средбата, министерот Муцунски ја потврди посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст, ја нагласи важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Соговорниците разговараа и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст.

На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Мени за пристапност