Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Средба на министерот Муцунски со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Никол Варнес, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, при што министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка од Соединетите Американски Држави за реформските процеси и зајакнувањето на демократскиот капацитет на државата.

Министерот ја потврди посветеноста на Владата кон спроведувањето на реформите, особено во насока на економски развој, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Соговорниците изразија подготвеност за натамошно јакнење на политичкиот дијалог и билатералната соработка, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и унапредување на партнерската соработка во рамките на НАТО Алијансата.

Мени за пристапност