Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со холандските амбасадори во регионот на Југоисточна Европа

Средба на министерот Муцунски со холандските амбасадори во регионот на Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со холандските амбасадори во земјите од Југоисточна Европа, кои престојуваат во Скопје во рамките на регионална амбасадорска конференција.

Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, европската интеграција и спроведувањето на реформската агенда. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка од Холандија за пристапен процес заснован на заслуги, со владеењето на правото како клучен елемент на реформите.

Посебен акцент беше ставен на документот на Европската комисија за иднината на проширувањето и внатрешните реформи на Европската Унија, како и на претстојната стратешка дискусија во Европскиот совет.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните состојби во регионот, неговата безбедност, стабилност и просперитет, како и за глобалните безбедносни предизвици и потребата од натамошно зајакнување на соработката и заштитата на заедничките стратешки интереси.

Мени за пристапност