Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Тимчо Муцунски со претставници на Француската бизнис конфедерација

Средба на министерот Тимчо Муцунски со претставници на Француската бизнис конфедерација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија оствари средба со претставници на Француската бизнис конфедерација.

На средбата беше разговарано за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на економската соработка, инвестициите и развојот на одржливи партнерства. 

Министерот Муцунски се осврна на економските приоритети на Владата, како и на поволните услови и конкурентските предности што ги нуди државата за странските инвеститори. Притоа, ја нагласи силната посветеност на Владата кон привлекување квалитетни инвестиции и поддршка на секторите со висок потенцијал за раст, меѓу кои зелената енергија, информатичко-комуникациските технологии, инфраструктурата, земјоделството и туризмот, како двигатели на одржлив економски развој.

Министерот Муцунски го истакна потенцијалот за продлабочување на соработката во повеќе области, со посебен фокус на туризмот, одбраната и безбедноста. Притоа тој ја нагласи подготвеноста на институциите активно да ги поддржат сите компании кои имаат интерес за инвестирање и развој на деловни активности во државата, посочувајќи дека секоја нова странска инвестиција претставува потенцијал за развој и дава значаен придонес кон економскиот раст. 

На средбата беа разменети и конкретни идеи за унапредување на економската соработка, при што претставниците на Француската бизнис конфедерација го потврдија интересот на француските компании за натамошно зајакнувања на економските релации и проширување на деловната соработка со Република Северна Македонија.

Мени за пристапност