Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Метју Лосон.

Разговорите беа посветени на активностите што Обединетото Кралство ги спроведуваше изминатиот период во насока на подготовка на министерските состаноци за надворешни работи, внатрешни работи и економија, како и подготовките за одржувањето на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан – Самитот на Берлинскиот процес.

Соговорниците ја потврдија важноста на Обединетото Кралство како значаен партнер и силен сојузник во регионот, потенцирајќи ја и неговата посветеност кон унапредување на соработката и зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји, како и со земјите од регионот.

Мени за пристапност