Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, со амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбе

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, со амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбе

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Кореја во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Ким Донгбе.
На средбата беше истакнат заедничкиот интерес за зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во секторите од заемен интерес, особено во насока на развој на економските и трговските врски меѓу двете земји.

Беше нагласено дека, и покрај географската оддалеченост, постојат значителни можности за поврзување и приближување на двата народа, особено преку искористување на туристичките и културните потенцијали. Во тој контекст, од наша страна беше покренато и прашањето за можноста за воведување безвизна либерализација за туристички престoj на македонските граѓани во Република Кореја.

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните геополитички текови, состојбите во Индо-Пацифичкиот регион и на Западен Балкан, како и за актуелните безбедносни и економски предизвици на регионално и глобално ниво.

Во разговорот беше истакната улогата на НАТО како клучен гарант на мирот и безбедноста во Европа, како и значењето на партнерската соработка на Република Кореја со Алијансата во справувањето со современите безбедносни предизвици и придонесот кон мирот, стабилноста и одржливиот развој на глобално ниво.

Мени за пристапност