Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на  заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски со генералниот секретар на Заедница на демократии Мантас Адоменас 

Средба на  заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски со генералниот секретар на Заедница на демократии Мантас Адоменас 

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска во Скопје имаше средба со генералниот секретар на Заедница за демократии Мантас Адоменас, кој за прв пат во ова својство е во посета на земјата.

На средбата, заменик министерот Димитровски беше запознаен со актуелните активности на оваа коалиција на држави посветени на промовирање, одбрана и зајакнување на демократијата на глобално ниво, согласно принципите во нејзиниот основачки документ - Варшавската декларација. 

Истовремено беа разгледани можностите за идно натамошно продлабочување на соработката, при што од страна на ЗМНРНТ Димитровски беше реафирмирана нашата посветеност и заложби кон демократските начела и принципи, меѓу другото и како членка на Управниот совет на оваа коалиција.

Основана во 2000 година во Варшава, Заедница на демократии е меѓународен форум што промовира демократско управување, владеење на правото и почитување на човековите права. Обединува држави и партнери кои преку заеднички иницијативи придонесуваат за зајакнување на демократските институции и демократската отпорност во глобални рамк

Мени за пристапност