Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на Заменикот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски со Специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорд, Скопје

Средба на Заменикот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски со Специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорд, Скопје

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски оствари средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорд, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и силната унгарска поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и регионот.
Димитровски изрази благодарност за континуираната и гласна поддршка од Унгарија за проширувањето на ЕУ врз основа на утврдени критериуми и индивидуални заслуги, како и за конкретната експертска помош во процесот на европска интеграција. Во разговорите беше нагласена потребата од покредибилен, конзистентен и предвидлив пристапен процес, кој ќе овозможи реален напредок кон полноправно членство.
Во таа насока, Димитровски потенцираше: „Светот се менува со брзо темпо. Проширувањето не може да остане заглавено во старите обрасци на геополитичка нерешителност. ЕУ во оваа насока мора одлучно да дејствува, и да воспостави динамичен интеграциски процес за да ги интегрира земјите од Западен Балкан. Непринципиелните, еднострани блокади во процесот на проширување ја ослабуваат Унијата, оставајќи стратешка празнина во срцето на Европа, во најлош можен момент."
Соговорниците се осврнаа и на поширокиот геополитички контекст, истакнувајќи дека проширувањето денес претставува прашање на безбедност и стабилност за целиот европски континент. Беше потенцирано дека Северна Македонија, како дел од стратешки важниот регион на Западен Балкан, континуирано демонстрира партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, активно придонесувајќи во справувањето со безбедносните, енергетските и миграциските предизвици.
На средбата беше заклучено дека интеграцијата на Северна Македонија и регионот е од геостратешко значење и претставува можност за дополнителен економски развој, инвестиции и поврзаност, што е заеднички интерес и за земјите од регионот и за Европската Унија.

Мени за пристапност