Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари конструктивен телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саʼар.

Во разговорот беше реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.

Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето.

Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет.

Мени за пристапност