Државниот секретар во Министерство за надворешни работи, Елена Кузмановска учествуваше на настан за промоција на Стратегијата за соработка со Светската здравствена организација за периодот 2026-2030 година во организација на Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјата.
За време на настанот, Кузмановска имаше свое обраќање во кое подвлече дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија посветува особено внимание на здравствената дипломатија, застапува и дава поддршка на меѓународните обврски вградени во здравствените регулативи, а кои произлегуваат од меѓународните здравствени договори и се на линија на евроинтегративниот процес, обезбедувајќи блиска координација со сите релевантни институции и на национално, регионално и глобално ниво. “И понатаму ја потврдуваме нашата подготвеност да продолжиме со блиска соработка со Светската здравствена организација, агенциите на Обединетите нации и со сите развојни партнери, со цел ефикасно спроведување на целите поставени во Стратегијата. Нашето заедничко присуство денес е силен показател за посветеноста кон здравјето како темелна вредност и двигател на општествениот развој“ – истакна Кузмановска.
За време на промоцијата, со свои обраќања учествуваа и Министерот за здравство, Министерката за образование и наука, Министерот за социјална политика, демографија и млади, Министерката за енергетика, Резидентниот координатор за Oбединети нации во земјата, претставниците на Светската здравена организација, Фондот за население на Обединети нации претставничката на ОН Жени и УНИЦЕФ со кои заеднички, со одговорност и партнерство се потврди визијата за подобро здравје за сите – и никој да не биде изоставен.