Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорите на Република Молдавија, Република Индонезија и Социјалистичка Република Виетнам

Заменик-министерот Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорите на Република Молдавија, Република Индонезија и Социјалистичка Република Виетнам

Денеска, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, ги прими копиите на акредитивните писма од тројца новоименувани амбасадори во нашата држава: Н.Е. Емил Јакота, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Молдавија; Н.Е. Листиана Оперананта, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија и Н.Е. Нуен Ти Минт Нует, вонреден и ополномоштен амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, сите нерезидентни и со седиште во Софија.


На средбите со тројцата амбасадори, заменик министерот, Димитровски, им посака успешна дипломатска мисија, со уверување дека тие ќе дадат значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и нивните држави.


Во таа насока, се разговараше за модалитетите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на зголемувањето на трговската размена и зајакнувањето на економската соработка меѓу земјите.


Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, беше искажано обострано задоволство од мултилатералната соработка и беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес.

Мени за пристапност