Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г-дин Зоран Димитровски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Народна Демократска Република Алжир за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Н.Е. г-дин Абделмаџид Наамун (Ambdelmadjid Naamoune).
Посакувајќи му срдечно добредојде во нашата држава, заменик министерот Димитровски му посака успех во вршењето на дипломатската функција, изразувајќи очекување за понатамошно унапредување и продлабочување на билатералните односи помеѓу двете земји.
Соговорниците потврдија дека меѓу двете земји постои значителен потенцијал за развој на соработката во повеќе области, особено во економијата, трговијата, туризмот, културата и образованието.
Исто така, беше истакна важноста на мултилатералната соработка и координацијата во рамките на меѓународните организации и форуми, особено во контекст на промовирање на заедничките вредности и интереси на регионално и глобално ниво.
Амбасадорот Наамун ја изрази посветеноста на Алжир за продлабочување на пријателските односи со Република Северна Македонија и за активен придонес кон зајакнувањето на соработката во сите области од заеднички интерес.