Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Европски систем за влез, излез и патни одобренија

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Започнување со имплементацијата на ETIAS – Европски систем за патни одобренија.

Се информираат државјаните на Република Северна Македонија, дека Европската Унија го воведува системот ETIAS – Европски систем за информации и одобрение за патување (European Travel Information and Authorisation System), за кој е најавено дека ќе започне со имплементација во првата половина на 2026 година.

ETIAS ќе биде задолжителен за сите државјани на државите кои не се членки на шенген зоната кои патуваат без виза во земјите членки на Шенген-зоната.

Нагласуваме дека ETIAS не претставува воведување на визен режим, туку пред-патничко безбедносно одобрение кое ќе биде издадено пред да се влезе во земјите членки на Шенген зоната од земјите од Европска унија за краткорочен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Процедура за аплицирање:

  1. Државјаните на Северна Македонија предвидено да аплицирааат онлајн преку официјалната веб-страница на ETIAS или на мобилна апликација.
  2. Барателот е потребно да пополни формулар кој ќе ги содржи  следните податоци:
    • Лични податоци (име, презиме, датум на раѓање);
    • Број и вид на патна исправа
    • Планирани датуми и земји на патување;
    • Одговор на неколку безбедносни и здравствени прашања.

 

  1. Уплата на такса;

·         за лицата на возраст од 18 до 70 години, се наплаќа такса од 7 евра;

·         лицата на возраст под 18 години и над 70 годишна возраст се ослободени од плаќање такса.

  1. Автоматска проверка на податоците преку бази како:
    • EES (Entry/Exit System);
    • SIS (Шенгенски информациски систем);
    • EURODAC, Interpol, и други.
  1. Одобрението се врши по електронски пат:

·         во 95% од случаите, одобрението се издава во рок од неколку минути;

·         доколку е потребна дополнителна проверка истата трае до 30 дена.

 

5.       Валидност на ETIAS:

  • ETIAS важи три (3) години, или до истекот на пасошот, што и да настапи прво;
  • Може да се користи за повеќе краткорочни патувања до 90 дена во период од 180 дена.

6.      Проверка при патување:

  • При чекирање или гранична контрола, граничните служби ќе проверуваат дали патниците имаат валиден ETIAS
  • Во отсуство на ETIAS – на патникот нема да му биде дозволен влез во Шенген-зоната

За дополнителни информации, може да се информирате со посета на : Официјалната веб-страница на ETIAS (etias.europa.eu)


Започнување со имплементација на Европскиот систем за влез/излез (EES)

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија,  информира дека согласно Регулативата број 017/2226, Европската Унија, од 12 октомври 2025 година започнува со имплементација на Европскиот систем за влез/излез (EES) .

Овој систем ќе се воведува постепено во 29 европски држави во период од шест месеци на сите надворешни граници на Шенген-зоната, со целосната функционалност до април 2026 година, Системот ќе се имплементира на граничните премини во следниве земји: Бугарија, Хрватска, Унгарија, Романија, Словенија, Грција, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија.

Што претставува EES

Европскиот систем за влез/излез е нова автоматизирана ИТ платформа која ќе регистрира:

  • Време и место на влез и излез од Шенген-зоната
  • Биометриски податоци (фотографија и отисоци од прсти)
  • Податоци од патната исправа и видот на патната исправа
  • Дозволена должина на престој (максимум 90 дена во период од 180 дена).

На кого се однесува

Системот ЕЕС се однесува на државјаните на земјите кои не се дел од шенген зоната, кои патуваат во Шенген-зоната без визи, туристички  (краткорочен престој 90 дена во период од 180 дена)

Што значи ова за патниците

  • Нема да се стави печат на пасошите при влез/излез – податоците ќе се евидентираат електронски;
  • Патниците ќе мора да поминат биометриска регистрација при првиот влез;
  • Системот автоматски ќе следи дали некој ја надминал дозволената должина на престој во Шенген зоната.

За повеќе информации и поддршка, може да се провери на вебстраната: Entry/Exit System – European Commission Официјалната страница е достапна преку порталот на европската комисија и објаснува што е EES, неговата цел, опсег, безбедносни и технолошки аспекти: Migration and Home Affairs.

 

Мени за пристапност