
Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.
4 јуни, 2023
„Постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата со цел нашите државјани да ги чувствуваат придобивките од евроинтеграцијата порано“ Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес, во рамки на учеството на безбедносниот форум Глобсек во Братислава, оствари билатерална средба со Министерката за Европа и клима на Германија, Ана Лирман. Во фокус на разговорите беше нашето европско досие, при што Османи брифираше за претстојниот процес на донесување на уставните измени, со цел отворање на првиот кластер од пристапните преговори и во овој контекст, се заблагодари за цврстата германска поддршка.
Османи ја запозна соговорничката со т.н. концепт "Повеќе интеграција пред членство во ЕУ", со што, како што истакна "периодот до полноправно членство би се искористил од земјите од регионот од една страна, а од друга страна би се додал повеќе кредибилитет на пристапниот процес". "Верувам дека се реалистични нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата, со цел нашите државјани да ги чувствуваат придобивките од евроинтеграцијата порано. Со ова, евроскептицизмот во раст би го трансформирале во заемна доверба, со побрзо темпо при реализацијата на реформите во нашата држава.", рече Османи. Османи и Лирман разменија мислења и за актуелните случувања на северот на Косово, за итната потреба од деескалација на состојбите и враќање на дијалогот, кој треба да обезбеди одржливи решенија.
30 мај, 2023
Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се осврна и на актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.
30 мај, 2023
Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.
Прочитај повеќе