Во фокус соговорниците изразија задоволство од одличните пријателски односи и соработката меѓу двете земји, засновани на заемното разбирање на заедничките вредности и европската перспектива, со можности за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена.
На средбата беше констатирано дека двете земји максимално се посветени кон процесот за полноправно членство во ЕУ, и во тој контекст беше нагласено дека ќе продолжат да соработуваат преку споделување на искуства и иницирање на заеднички активности на европскиот пат.
Се дискутираше за претстојната официјална посета на МНР на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ во РС Македонија, во април 2025 година, на покана на министерот Тимчо Муцунски и се констатира дека посетата ќе претставува потврда за одличните пријателски односи и соработката меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемна поддршка и меѓусебно почитување.