Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски на работна средба со словенечките стопанственици во државата

Министерот Муцунски на работна средба со словенечките стопанственици во државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше на работен појадок со словенечките стопанственици во државата, организиран на покана на Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

 

Словенија е значаен економски партнер на Северна Македонија, со бројни компании кои активно работат во различни сектори. На средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и за можностите за нивно надминување и натамошно подобрување на деловниот амбиент.

 

Министерот Муцунски нагласи дека Владата останува силен партнер на деловната заедница, посветена на унапредување на деловниот амбиент преку регулаторни реформи, поволни инвестициски услови и постојан дијалог со инвеститорите. Тој истакна дека главен приоритет е создавање стабилна и предвидлива економска средина, како и зајакнување на билатералните економски врски. Посебен фокус беше ставен на развојот на напредните технологии, дигиталната економија и иновациите, како области со голем потенцијал за идната економска соработка.

Мени за пристапност