Државниот секретар Елена Кузмановска Биондиќ денес во Прага оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Мариан.
На средбата беше изразено заемно задоволство од динамичната билатерална соработка и континуираниот политички дијалог.
Традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете држави го надополнува одличната економска соработка и заемната поддршка во мултилатералните односи. Соговорниците ги поздравија разговорите за зајакнување на економските врски и продлабочување на партнерството меѓу двете земји.
На средбата се разговараше и за натамошно јакнење на соработката во областа на безбедноста, енергетиката, хибридните закани и миграцијата.
Државниот секретар Кузмановска Биондиќ изрази благодарност за недвосмислената и гласна поддршка од Чешката Република за пристапните преговори на нашата држава со Европската Унија.
Заменик-министерот Јан Мариан ја истакна заложбата за продолжување на започнатите реформи кои водат кон јакнење на демократските капацитети на нашата земја, како и важноста од што поскоро интегрирање на сите земји од Западен Балкан во ЕУ.
Соговорниците Кузмановска Биондиќ и Мариан разменија мислења и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за конструктивниот пристап на Северна Македонија и Чешката Република кон овие предизвици.