Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов

Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји.

 

Во фокусот на разговорите беа односите меѓу Република Северна Македонија и Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ниво. Соговорниците изразија задоволство од динамиката на нивниот развој и ги нагласија можностите за продлабочување на соработката, со акцент на економијата, инвестициите, трговската размена, енергетиката и туризмот.

 

Министрите заеднички потврдија дека одличната политичка соработка помеѓу двете земји е силна основа за зајакнување на дипломатските и економските односи во наредниот период.

 

Како посебно значаен аспект на средбата, министрите Муцунски и Бајрамов потпишаа Договор за укинување на визниот режим за носители на дипломатски и службени патни исправи, со што се отвораат нови можности за олеснета комуникација и поблиска институционална соработка.

Мени за пристапност