Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман. На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка.

 

Министерот Муцунски изрази благодарност за успешната развојна соработка меѓу Северна Македонија и Швајцарија, нагласувајќи дека Швајцарија е еден од најголемите билатерални донатори, кој континуирано ја поддржува стабилноста, економскиот развој и европската перспектива на земјата. Амбасадорката Улман ја реафирмираше посветеноста на Швајцарија за поддршка на нашата земја особено во процесот на остварување на надворешно-политичките приоритети, преку поддршка на реформскиот процес и постигнување на европските стандарди.

 

На средбата беа разменети мислења и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за заедничките предизвици во рамките на мултилатералните формати, со цел зачувување на безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

Мени за пристапност