Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Елена Кузмановска оствари средба со амбасадорката Тери Хакала, Специјален пратеник на финското Претседателство со ОБСЕ

Државниот секретар Елена Кузмановска оствари средба со амбасадорката Тери Хакала, Специјален пратеник на финското Претседателство со ОБСЕ

На средбата, Специјалниот пратеник на финското Претседателство со ОБСЕ амбасадорката Тери Хакала изрази надеж дека ќе биде воспоставена плодна соработка меѓу финското претседателство и институциите на Република Северна Македонија.Таа ја реафирмираше подготвеноста да продолжи да ја поддржува Северна Македонија во нејзините напори за исполнување  на стратешките цели на државата.

Како претседавач со ОБСЕ, Финска ја изрази својата поддршка на работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ја истакна важноста на нејзината програмска соработка со Владата, насочена кон поттикнување на клучните реформи. Како поранешна земја членка на ОБСЕ Тројката, нашата земја дава вреден придонес во работата на актуелното Претседателство со ОБСЕ, за што Финска е многу благодарна.

Соговорничките ја нагласија важноста на принципите на ОБСЕ за заедничка безбедност, истакнувајќи ја заедничката заложба на нашата земја и Финска за одбрана на основните вредности на ОБСЕ – мирот, безбедноста и меѓусебната соработка – кои се основа за долгорочна стабилност во регионот и пошироко. Обострано беше реафирмирана потребата од обединет и координиран пристап во справувањето со сериозните предизвици што го оптоваруваат ОБСЕ регионот.

 

Мени за пристапност