Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска Биондиќ, денес оствари средба со вршителот на работи во Амбасадата на Државата Катар во Скопје, г-дин Рашид Саед Ал-Кајареен.
Државниот секретар Кузмановска Биондиќ го поздрави новиот вршител на работите, посакувајќи му успех во вршењето на одговорната должност. Искажа интерес за продолжување на пријателските македонско – катарски односи и соработка, при што ја нагласи потребата од нивно натамошно надградување, особено на економски и трговски план. Г-дин Ал- Кајареен заблагодарувајќи се на приемот, го потврди интересот за унапредување на заедничките билатерални односи, при што ја потенцираше важноста на одржување на посети на високо ниво и продлабочување на договорната состојба.