Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Индија со седиште во Софија, Арун Кумар Саху

Министерот Муцунски ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Индија со седиште во Софија, Арун Кумар Саху

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индија за Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Арун Кумар Саху.

На средбата беа истакнати традиционално добрите односи меѓу двете земји, како и заедничката заложба за нивно понатамошно продлабочување на билатерален и мултилатерален план. Министерот Муцунски и амбасадорот Саху разменија мислења за интензивирање на политичкиот дијалог преку посети на високо ниво, со акцент на развојот на економската соработка.

Амбасадорот Саху го истакна приоритетот што Владата на Индија го придава на односите со нашата држава, нагласувајќи дека неговата мисија ќе биде насочена кон јакнење на трговијата, инвестициите, како и развојот на соработката во области како што се технологијата и туризмот.

Мени за пристапност