Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп

Средба на министерот Муцунски со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп. 

Ова беше прва меѓусебна средба по преземањето на функцијата Висок комесар во декември 2024 година.

Министерот Муцунски нагласи дека во државата високо се цени континуираната соработка и ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ. Тој оцени дека земјата во целост ги исполнува обврските содржани во фундаменталните документи на ОБСЕ.

Нашата држава, од јуни 1993 година, активно соработува со Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства, која обезбедува совети и експертиза за политиката на интеграција во земјата, како и спроведувањето на пилот проекти за зајакнување на учеството на претставниците на заедниците во јавниот живот, поддршка на образованието на мајчин јазик и промовирање на познавање на официјалниот јазик. 

Нашите институции остануваат отворени за соработка со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ во поглед на остварувањето на заедничката цел - градење соживот и унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција.

Високиот комесар за национални малцинства истакна дека ги следи меѓуетничките односи во целиот регион на ОБСЕ и заклучи дека, иако не постои идеален модел, во многу земји постојат добри примери.

Мени за пристапност