Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со ко-известителите од мониторинг мисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли

Средба на министерот Муцунски со ко-известителите од мониторинг мисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли

Во рамки на пост-мониторинг дијалогот со Парламентарното собрание на Советот на Европа, денеска министерот Муцунски оствари средба со ко-известителите Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.

На средбата беа дискутирани значајни случувања од последната посета на ко-известителите на ПССЕ во мај 2019 година, со фокус на повеќе актуелни прашања поврзани со владеењето на правото, демократијата и човековите права.

Министерот Муцунски ја истакна силната посветеност на државата кон обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа – организација во која оваа година одбележуваме 30 години членство. Воедно, изрази благодарност за соработката со Советот на Европа и за поддршката во спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди во клучни области.

Мени за пристапност