Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Кралството Шведска, г-дин Ола Сулстром

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Кралството Шведска, г-дин Ола Сулстром

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Кралството Шведска, г-дин Ола Сулстром.

Изразувајќи задоволство што македонско-шведските односи постојано се надградуваат и зајакнуваат, министерот Муцунски ја истакна важноста од насочување на напорите кон натамошно унапредување на меѓусебната соработка, со посебен фокус на економските и трговските релации, за што основа се веќе присутните шведски компании во нашата земја.

 

На средбата се разговараше и за актуелностите во пристапниот процес кон Европската Унија. Во таа насока, министерот Муцунски ја нагласи одлучноста на Владата за спроведување на клучните реформски процеси, при што упати благодарност за јасната и недвосмислена поддршка на Шведска за нашите европски аспирации.

Мени за пристапност